Рокот за поднесување барања за субвенции за земјоделеците се продолжува за еден месец -до 30 јуни. Ова денеска го соопшти министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, додавајќи дека рокот, кој истекуваше денеска, се продолжува за поголемиот дел од мерките. Продолжување на рокот доаѓа по барањето на повеќе земјоделски здруженија со цел да им се излезе во пресрет на производителите навреме да ја достават потребната документација. Одгледувачите на овци и на кози барањата за субвенции можат да ги доставуваат до 15 ноември.
Рокот за поднесување барања за субвенции за земјоделеците се продолжува за еден месец -до 30 јуни.
Ова денеска го соопшти министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, додавајќи дека рокот, кој истекуваше денеска, се продолжува за поголемиот дел од мерките.
Продолжување на рокот доаѓа по барањето на повеќе земјоделски здруженија со цел да им се излезе во пресрет на производителите навреме да ја достават потребната документација.
Одгледувачите на овци и на кози барањата за субвенции можат да ги доставуваат до 15 ноември.